По само десет дена откако беа ангажирани од страна на Италијанската Фудбалска Федерација, Паоло Малдини и бразилската легенда и икона на тимот на Милан, Леонардо си заминаа и поднесоа оставки.
Причината за ова е скандалот околу не назначувањето на Андреа Пирло за нов селектор на репрезентацијата на Италија, за кој што Малдини и Леонардо инсистираа и стоеја зад оваа одлука.
Сепак, претседателот на Федерацијата, Малаго, одлучи да донесе спротивна одлука, пред се поради поврзаноста на Андреа Пирло со Русија. Поточно, со неговиот очигледно проблематичен спонзорски договор со руската компанија за обложување, чиј што сопственик е газда и на Дубаи Јунајтед клубот каде што досега Пирло беше тренер.
Токму поради сето ова, двете легенди на Милан, Малдини и Леонардо донесоа одлука да се повлечат.
Сето ова, дополнително ја комлицира и онака сложената ситуацијат во италијанскиот фудбал, особено околу прашњето за националниот тим кој што е во сериозна криза по пропуштени два Мундијала.

