Фудбалерите на Јувентус со победа ја почнаа новата сезона од Серија А. Екипата на Лучијано Спалети славеше со 1:0 на гости кај Фрозиноне, во натпревар каде играа многу подобро, а победата требаше да биде и поубедлива.
Гостите од Торино поведоа во 22-та минута. Консеисао прекрасно центрираше, а Бремер со глава ја смести топката во мрежата за 1-0.
Јуве продолжи да игра подобро, но до крајот не постигна и втор гол.
Во вториот натпрева вечерва, екипата на Венеција на домашен терен загуби од Лече со 0:2.

