Фримпонг пристигна во Англија на потпис со Ливерпул (ВИДЕО)

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фримпонг пристигна во Англија на потпис со Ливерпул (ВИДЕО)
фото: Jeremie Frimpong (X)

Џереми Фримпонг, досегашниот играч на Баер Леверкузен вечерва пристигна во Ливерпул, каде што во текот на утрешниот ден се очекува да потпише договор со екипата на Ливерпул.

Фримпонг ќе потпише петгодишен договор со Ливерпул и ќе стане првото ново засилување на шампионите во летниот преоден рок. Во исто време, Ливерпул и натаму атакува на потпис и на левиот бек на Борнмут, Милош Керкез, како и соиграчот на Фримпонг од Баер, Флоријан Вирц.

Тој секако дека би бил најголемиот трансфер летово затоа што германците за него бараат 150 милиони евра.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата