Еве за која селекција Трамп навива да биде светски првак!

13.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве за која селекција Трамп навива да биде светски првак!
Фото: Доналд Трамп Х

Американскиот претседател Доналд Трамп навива Англија да го освои Светското првенство во САД, Мексико и Канада, потврди Белата куќа. Секако, Трамп ја поддржа американската репрезентација, дури и интервенираше кај претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да му го „отстрани“ црвениот картон на Балогун, а од преостанатите четири екипи на Светското првенство – неговиот фаворит е Англија.

Ендру Џулијани, син на Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк, на кого Трамп му ги довери прашањата поврзани со Светското првенство, беше толку среќен за Англичаните, кои ќе имаат „силен ветер на грб“ до крајот на турнирот, кој влегува во завршницата.
„Знаете, ако Соединетите Американски Држави не можат да победат на нивната 250-годишнина, би било одлична приказна Англичаните да дојдат во Америка и да ја освојат титулата за време на нашите прослави. Колку што разбирам, Англија чекаше 60 години, па затоа би била прекрасна победа за нив да го освојат турнирот“, рече Џулијани, кој откри уште неколку детали за Трамп, кој играше голф и со Хари Кејн, најголемата ѕвезда на националниот тим.

Пред неколку години бев во друштво кое играше голф со претседателот Трамп, а Вејн Руни беше со нас. Претседателот го разбира фудбалот доста добро, мислам дека тоа е благодарение на неговиот син Барон“, рече Џулијани.

„Хари Кејн е најдобриот стрелец на англиската репрезентација и ако го освојат турнирот, тој ќе биде главната причина за тоа. Тој е еден од клучните играчи, а тој и Џуд Белингам се одлични спортисти. Англија ми се чини како исклучително избалансиран тим. Тие мора да бидат полни со самодоверба, а тренерот треба да им всади свест дека имаат потенцијал да победат“, заклучи Џулијани.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата