Енрике: Сакам да испишам историја, да ги направам и градот и земјата среќни!

30.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Енрике: Сакам да испишам историја, да ги направам и градот и земјата среќни!
фото: Actu Foot (X)

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике на вечерашната прес-конференција пред финалето на Лигата на шампионите потенцираше дека има голема мотивација во него, затоа што сака да испише историја.

„Мојата главна мотивација е да создавам историја. Да го направиш градот, земјата среќен, да станеш првиот освојувач на Лигата на шампионите е нешто посебно. Седејќи тука, се чувствувам среќно. Ќе дадеме сѐ од себе. Се надевам дека оваа средба ќе остане во сеќавање. Ги победивме англиските клубови, не беше лесно. Се надевам дека сме подготвени. Нашиот пат беше тежок од самиот почеток, и тоа е нашата предност. Игравме против Баерн на овој стадион. Во текот на целата сезона постојано игравме во рани финалиња. И не се плашевме. На располагање ми е еден од најдобрите тимови во Европа. Треба да работиме како еден“, потенцираше Шпанецот.

Финалето на ЛШ е на програмата утре во Минхен со почеток од 21 часот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата