Фудбалската репрезентација на Сенегал од едно од потенцијалните изненадувања на тековниот Мундијал се претвори во дувло на скандали кои ја шокираат јавноста.
По она дека репрезентативците тотално биле оставени сами на себе, морале да се хранат во ресторани за брза храна, немало никаква контрола врз нив, преку тоа дека раководните структури на Федерацијата потрошиле огромни суми на хотелски услуги и раскош сега следува уште поголем скандал.
Генералниот секретар на федерацијата, Андујале Сајдоу Соу во интервју за државната сенегалска телевизија, објави факти кои се шокирачки.
А тоа е дека главниот готвач на репрезентацијата, експресно бил вратен дома, затоа што сексуално злоставил локална колешка која што била ангажирана во кујната од хотелот.
„Можеби во нашата земја такви потези се доживуваат како шега но тоа во САД се вика сексуално злоставување“ – рече Соу.
Готвачот по кратка постапка бил изваден од САД и испратен дома, зошто доколку го „закачеле“ законите во Америка по прашање на сексуално злоставување тоа ќе било огромен проблем.
Следната информација која што ја сподели генералниот секретар, а е уште позагрижувачка е дека докторот кој што цела деценија бил дел од струката во репрезентацијата воопшто не бил специјалист за спортска медицина, ортопед или нешто слично, погодно за ова работно место туку всушност бил гинеколог!?

