Откако одработи екстра гостување кај Галатасарај во рамките од Лигата на Шампионите неделава, и победи со 1:4, екипата на Барселона сега може да се врати на домашните обврски.
Тоа значи дека се тренира во насока на саботниот меч против Бетис на домашен терен, а добра вест за тренерот Ханси Флик е што на тренинг денеска се вратија два многу важни играчи.
Рафиња и Френки Де Јонг не беа дел од гостувањето во Турција, но сега се повторно дел од екипата и се во конуренција за в сабота.

