Директорот на Баерн “распали“: “Играше како вистински гад!“

14.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Директорот на Баерн “распали“: “Играше како вистински гад!“
ФОТО:printscreen

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, беше исклучително лут по синоќешното реми на гостински терен со Викинг, а ја изненади германската јавност со своите зборови по завршувањето на натпреварот. Иако Баерн беше голем фаворит во натпреварот против Викинг синоќа, на крајот гостите од Минхен освоија само бод.
Викинг одигра одличен натпревар и дури водеше со 2:0 по првото полувреме, но Баерн го поништи резултатот на 2:3 во остатокот од натпреварот.

Токму кога изгледаше дека Баварците ја имаат контролата, Мајкл Олисе направи голема грешка поради која доби црвен картон. Во 73-тата минута, Французинот беше испровоциран од капитенот на домашниот тим, Златко Трипиќ, кој намерно го удри со топката во лицето, поради што беше исклучен. Трипиќ беше асистент, а Хауген ја затресе мрежата на Баерн за конечни 3:3.

„Помрачување на умот“ од страна на Олисе изненади многумина, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, немаше милост кон Трипиќ поради она што се случи.
„Тој играше како вистински гад во текот на целиот натпревар. Сакаше тие да го добијат натпреварот, а ние наседнавме на неговите провокации. Тој го доби она што го сакаше кога еден од нашите играчи беше исклучен. Мораме да останеме смирени кога се соочуваме со такви провокации“, рече Еберл.
Тој беше прашан и дали Олисе може да биде казнет од клубот за она што го направи.
„Ќе разговараме за тоа со ладна глава кога страстите ќе се смират“, додаде тој.

Тренерот на Баерн, Винсент Компани, исто така коментираше за црвениот картон што му беше даден на Олисе по натпреварот.
„Тој е свесен за грешката што ја направи. Можеше да се види колку му беше жал што го остави тимот на цедило. Сосема е во ред, вакви работи се случуваат во фудбалот“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата