Челзи се мисли дали да плати 75 милиони евра за Леао

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи се мисли дали да плати 75 милиони евра за Леао

Челзи одржал неформални разговори со агентот на Рафаел Леао. Договорот на Португалецот со Милан вклучува откупна клаузула од 175 милиони евра, но раководството на италијанскиот клуб е подготвено да се раздели со него за приближно 75 милиони.

Според изворот, Челзи веќе водел прелиминарни разговори во врска со евентуален трансфер. Арсенал е исто така заинтересиран за Леао, но „топчиите“ го разгледуваат само како алтернатива на нивната главна трансфер цел, Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

Интерес за Леао доаѓа и од Ал-Наср од Саудиска Арабија, но 25-годишниот крилен напаѓач е решен да остане во Европа.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата