Попладнево од 16 часот се одиграа четири меча од 6.коло во Премиерлигата.
Одличен настап на Челзи и победа од 5:1 против Борнмут. Серијата голови ја отвори Хендерсон во 2.минута, веќе во 3.минута беше 2:0 со голот на Роџерс и тука се виде кој ќе слави на крајот. Следуваат головите на Жоао Педро два и повторно на Хендерсон, за гостите стрелаше Еванилсон за 3:1.
Ваква лудница може да има само во Премиерлигата. Фулам на гости кај Ипсвич водеше со 0:1 до 88. минута за да потоа домашните со головите на Квртара и Ошеа успеаја да направат пресврт и да победат со 2:1.
Астон Вила и Брентфорд, во исто така драматичен меч одиграа 2:2. Џексон и МекГин стрелаа за домашните, Јармољук и Ајер беа стрелци на за гостите.
Брајтон со 0:2 славеше кај Сандерленд со што ја продолжи серијата на добри резултати.

