“Бомба“: Родри ја одбра Барселона, Мурињо гневен на раководството на Реал!

6.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Бомба“: Родри ја одбра Барселона, Мурињо гневен на раководството на Реал!
фото: Manchester City (X)

Бомба“ од Шпанија. Родри, најдобриот фудбалер на Светското првенство во 2026 година, е се поблиску до сензационален трансфер во Барселона, бидејќи, според неколку шпански извори, тој веќе дал зелено светло за трансфер на „Камп Ноу“. Истата информација ја објави и новинарот Нил Сола, додека весникот „Спорт“ претходно откри дека германскиот стручњак Ханси Флик, лично разговарал со Родри за да го убеди да го облече дресот на каталонскиот гигант. Големиот пресврт се случи откако преговорите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид не успеаја. Англискиот клуб побара околу 75 милиони евра за освојувачот на Златната топка, додека Реал беше подготвен да издвои само 50 милиони, со можни бонуси, па договорот не беше постигнат.

Во меѓувреме, се појави информација дека на Барселона ѝ е понудена можност да го доведе Родри за околу 60 милиони евра, што значително би ги зголемило шансите на каталонскиот клуб да реализира еден од најголемите трансфери ова лето.

Барселона ја следи ситуацијата околу Родри веќе долго време, а интересот дополнително се зголеми по сериозната повреда на Френки де Јонг, кој ќе отсуствува помеѓу три и шест месеци поради проблем со стапалото. Клубот верува дека Родри би бил идеален играч за системот на Флик и дека би се вклопил совршено со Педро во срцето на средниот ред.

По ова Жозе Мурињо бил гневен на раководството на Реал Мадрид. Барал објаснување од главните луѓе на клубот кои биле задолжение за трансферот на Родри во Реал и јасно потенцирал дека Родри требало да биде клучен играч во неговиот систем.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата