Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок.
Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков вчера изјави за руски медиуми дека стратешката соработка меѓу Русија и Србија е заемно корисна.
„Покрај дискусиите за билатерални прашања, ќе бидат разменети мислења и за состојбата на Западен Балкан“.
Пред да замине за Москва, Вучиќ претпладнето во Белград имаше средба со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко.
На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.
Засега нема официјална потврда од Естонија, Летонија и Латвија дека е забранет прелет над тие држави за челници кои ќе присуствуваат во Москва, иако во изминатите два дена српски медиуми јавија дека е одлучено во тие балтички земји да не се даде дозвола за авиони чија крајна дестинација е Москва.
Вучиќ во саботата попладне беше примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград. На него ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побарал медицинска помош и по прегледот била донесена одлука да се врати во Србија. Поради тоа, не можеше да се појави на главните настани за кои беше во САД.