Таа исчезнала додека пливала на плажата Агиос Маматос во Неа Пропонтис на Халкидики, според Атенс Тајмс.
Спасувач на плажата забележал дека девојчето исчезнало од неговиот видокруг и веднаш бил активиран локалниот план за вонредни состојби.
Почнала операција за пребарување во пошироката област во која учествувале патролен брод и патролно возило на крајбрежната стража, приватен спасувачки брод, морски мопед, а била известена и мрежата на волонтери на Грчкиот спасувачки тим за да пружи помош.
Службениците од Пристанишната управа на Неа Мудања го пронашле седумгодишното девојче, во добра здравствена состојба, на брегот и на пет километри од местото каде што исчезнало.
Потоа, грчки полицаец ја зел малолетничката за да ја предаде на нејзината мајка, која била шокирана кога дознала каде е пронајдено девојчето.