Отпадна тркало од патнички авион, додека летал над море- пилотот успеал да слета

7.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отпадна тркало од патнички авион, додека летал над море- пилотот успеал да слета

По низок лет над пистата, екипажот на авионот го приземји А319, кој веднаш беше опколен од службите за итни случаи на аеродромот.

Необичниот инцидент се случил вчера во Бразил за време на летот LA3923 од Рио де Жанеиро до Сао Паоло. Ербас А319 со регистрација PT-TMO полетал попладне од аеродромот Сантос Думонт (СДУ). Непосредно пред слетувањето на аеродромот Конгохас (CGH), екипажот забележал проблем со опремата за слетување.

Пилотите решиле да го пренасочат авионот кон Guarulhos International (GRU) во Сао Паоло, а пред слетувањето извршиле низок прелет над пистата. Контролата на летање извршила брза визуелна проверка на Ербасот за време на прелетувањето и утврдила дека недостасува тркалото на левиот дел од опремата за слетување, пишува Aero Time.

Авионот направил круг и повторно се приближил до аеродромот. Летачкиот екипаж успешно го приземјил авионот на пистата 10L, а веднаш по слетувањето, противпожарните служби на аеродромот го опколија Ербасот.

PT-TMO ја напушти пистата и безбедно застана.

Исчезнатото тркало од Ербасот А319 е пронајдено на морскиот брег во близина на аеродромот Сантос Думонт, а сигурно е дека паднало веднаш по полетувањето. Според службата за следење летови FlightRadar24, PT-TMO сè уште е на аеродромот Гуарулхос.

Пренасочувањето на авионот до друг аеродром речиси сигурно е направено поради должината на пистата. Аеродромот Конгохас, каде што првично требало да слета Ербас А319, има две писти, од кои подолгата е долга 1.940 метри. Пистата 10L кај Гуарулхос е значително подолга и е 3.700 метри.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата