Македонските ракометари поразени од Полска на Европското кадетско првенство

10.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонските ракометари поразени од Полска на Европското кадетско првенство

По воведните порази од Франција и од Германија, на македонските ракометари им беше неопходна победа на Полјаците за да го избегнат последното место во групата кое сега ги води во битка за опстанок во најсилната конкуренција.

Македонските ракометари на полувремето беа во негатива од три голови (11-14), а на почетокот на вториот дел дојдоа и до израмнување (14-14).

Сепак, во продолжението, полските ракометари ја вратија предноста и ја зачуваа до крајот на натпреварот.

Македонската репрезентација настапот на ЕП го продолжува во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место со императив да ги избегне последните три позиции кои носат испаѓање во „Б“ дивизијата. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата